Симеоне: Не можам да престанам да се смеам

Тренерот на Атлетико Мадрид, легендарниот Диего Симеоне не ја криеше радоста по освојувањето на титулата во шпанската Ла Лига. Аргентинецот после победата против Ваљадолид изјави дека е пресреќен поради освоениот трофеј.

„Само се смеам. Не знам зашто, но не можам да престанам да се смеам. Среќен сум поради многу луѓе. Ова беше тешка година. Умреа многу навивачи пријатели, членови на семејството и фактот дека Атлетико оваа сезона е првак, навистина е посебно“, истакна Симеоне.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .