Силен Интер: „Нероаѕурите“ продолжуваат да му„ дишат во врат“ на Јувентус! (ВИДЕО)

Италијанскиот гигант Интер продолжува да го следи чекорот на својот најголем ривал Јувентус. Клубот од Милано на денешното гостување кај Торино успеа убедливо да победи (0-3). Интер уште во првиот дел го реши мечот со головите на Стефан Де Вриј на Лаутаро Мартинез.

На почетокот на вториот дел Ромелу Лукаку со својот 10. погодок стави точка натпреварот. Со оваа победа Интер повторно му се доближи на Јувентус на само бод заостаток, а на најблиските конкуренти Лацио и Каљари им избега на плус 10. Интересно, на Интер ова му беше прва победа против Торино по повеќе од три години.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .