Искусниот бразилски дефанзивец Тијаго Силва беше еден од најсреќните фудбалери на Челси, по освојувањето на Лигата на шампионите. Силва по натпреварот се потсети на времето поминато во ПСЖ, каде што секогаш трпеше огромни критики од француските медиуми.
„Овој момент е посебен за мене, со оглед на фактот колку притисок имав во Пари Сен Жермен. Кога и да бевме елиминирани од Лигата на шампионите, луѓето го наоѓаа виновникот во мене секој пат. Штета. Се надевам дека ПСЖ ќе го освои овој трофеј во иднина“, истакна Силва.
Thomas Tuchel & Thiago Silva.
— ESPN FC (@ESPNFC) May 29, 2021
Together in defeat. Together in victory 💙 pic.twitter.com/qc1eKLxqhm