Обидот за формирање на Суперлигата донесе нов момент во Европа. Клубовите дефинитивно се во огромна финансиска криза предизвикана од корона – вирусот, па затоа започнаа со процесот на формирање на регионални лиги.
Првата што ќе биде официјализирана и ќе добие потврда од УЕФА ќе биде БеНе лигата во која ќе учествуваат клубови од Холандија и Белгија. Клубовите од овие земји веќе дадоа согласност, а наводно следната сезона ќе биде квалификациска, додека сезоната 2022/23 ќе биде премиерна.
Првите девет пласирани екипи од Холандија и Белгија ќе играат во БеНе лигата, а во ЛШ ќе продолжат првите два тима, додека третиот, четвртиот и петиот ќе продолжат во останатите УЕФА натпреварувања.
Се подготвува и Алпска лига, која пак се уште е далеку од реализација, а во неа би учествувале клубови од Австрија и Швајцарија, како Базел, Јанг Бојс, Салцбург, Сион, Рапид и Австрија Виена…
Токму поради формирањето на овие лиги, повторно се поставува прашањето дали дојде време за регионална лига на Балканот? Дефинитивно, ако се формираат овие лиги голема ќе биде шансата и на Балканот да гледаме една таква лига со најдобрите клубови од овој регион, која сигурно ќе биде интересна…