Се тресе Ливерпул: Рафа Бенитез направи предатство – стана нов тренер на Евертон!

И покрај силните негодувања од навивачите на Евертон, сепак раководството на клубот одлучи да не ги послуша и за нов менаџер да го постави „омразениот“ – Рафа Бенитез!

Причина за омразата на „карамелите“ е фактот што шпанскиот тренер е жива легенда на нивниот „смртен ривал“ Ливерпул на кого во сезоната 2004/05 им го донесе трофејот на Лигата на шампионите.

Бенитез со клубот од „Гудисон парк“ потпиша до 2024. година и ќе има тешка задача да го замени Карло Анчелоти, кој се врати на клупата на мадридски Реал.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .