Се тресе Гелзенкирхен: Член на управата на Шалке си поднесе оставка – добивал смртни закани!

Германскиот великан Шалке ја игра една од најлошите сезони во својата богата историја и највероатно на крајот од сезоната ќе се пресели во во втората Бундеслига, Цвајте, за прв пат по 30 години (последен пат беа во втората лига во далечната 1991 година).

Токму затоа огромен притисок има на плеќите на раководството на „рударите“ од страна на навивачите, а еден од нив, директорот на маркетинг – тимот Александер Џобст се одлучи на радикален потег, поднесувајќи оставка.

Имено, Џобст добивал закани по својот и по животот на своето семејство и затоа се решил на ваков чекор. Тој на оваа позиција во Шалке работел дури 10 години.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .