„Се прашувам, дали е потребно да се понижува таков играч“

Дури и тие што имаат минимално познавање во фудбалот, веднаш ја увидоа синоќешната грешка на Јирген Клоп, која можеби ќе го чини испаѓање од Лигата на шампионите.

Германецот во првиот меч против Реал Мадрид се одлучи на клупата да го остави Тијаго Алкантара, долгогодишниот шпански репрезентативец кој има богато искуство од дуелите против „кралевите“, како играч на Барселона.

Клоп ја призна грешката и на неколку минути пред крајот на првото полувреме го извади Наби Кеита и го внесе Тијаго, но се чини, оваа одлука беше задоцнета. Менаџерот на „црвените“ доби жестоки критики поради овој потег, а еден од критичарите беше легендата на Реал, Жорге Валдано.

„Се прашувам, дали беше потребно да се понижува таков фудбалер на три минути пред крајот на првото полувреме. Оваа негова одлука очигледно беше еден вид на казна“, изјави Валдано.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .