Се полошо и полошо: Дури осум нови заразени во РК Пролет!

Нема најави за продолжувањето на македонското ракометно првенство. Состојбата додатно се влоши, откако РК Тинекс Пролет објави соопштение во кое потврди дека дури осум нови ракометари се позитивни на Ковид – 19.

„Ракометниот клуб Пролет ја известува јавноста за нови случаи на Covid-19 во нашиот играчки кадар. Позитивниот тест на Петар Ангелов, кој се наоѓа во самоизолација и е со благи симптоми, беше причина за тестирање на сите ракометари и членови на стручниот штаб на нашиот клуб. Резултатите се разочарувачки, и покрај настојувањето за максимално почитување на мерките, дури осум членови на Пролет од тестираните се позитивни и веќе се ставени во самоизолација. Тимот на Пролет не е во тренажен процес уште од позитивниот тест на Ангелов и сите ракометари ќе останат во изолација за да се заштитиме од дополнително ширење на коронавирусот. ​На заболените им посакуваме што побрзо оздравување и враќање на ракометните терени“, велат од Тинекс Пролет.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .