Се подготвува терен за нова „бомба“: Пеп отпиша двајца!

Англискиот првак Манчестер сити синоќа го потврди ангажманот на Џек Грилиш кој стана најскапиот фудбалер на сите времиња со вредност од 117.000.000 евра.

Сепак, тука не е крајот на трансфер – бомбите на „граѓаните“, а веќе на сите им е познато, Пеп Гвардиола го сака и напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн!

Но, за да се реализира овој трансфер, Сити прво ќе мора да продава. Главни фаворити за напуштање на „Етихад“ во моментов се Бернардо Силва и Габриел Жезус, па останува да видиме како ќе изгледа Сити идната сезона.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .