Десетти април 2007. година со црни букви е врежан во историјата на Рома. „Римската волчица“ на тој датум беше понижена од Манчестер јунајтед кој со 7-1 славеше на „Олд трафорд“, а слично ќе биде и со вечерашниот датум.
„Ѓаволите“ повторно немаа милост кон клубот од Рим кого во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа го совладаа со 6-2 и така си го трасираа патот во финалето.
Рома одлично влезе во натпреварот дури и поведе со 2-1, но тоа беше се што направија избраниците на Пауло Фонсека. Јунајтед во вториот дел им даде дури пет погодоци.
Бруно Фернандеш и Кавани постигнаа два пгодоци, додека Гринвуд и Погба по еден.