Се огласи полицијата во Загреб: Се судриле 400 хулигани, оштетени автомобили, кафичи…

Вистински хаос се случуваше во Загреб синоќа каде што се судрија хулиганските екипи на Динамо и варшавска Легија.

Навивачите на полскиот првак стигнаа во Загреб и се упатија во населбата Дубрава каде што седнаа во еден од кафичите, а оваа населба е позната по тоа што во нејзе живее тврдото јадро на „Бед Блу Бојси“.

„Бојсите“ брзо се организираа и во голем број тргнаа кон кафичот наоружени со палки, шипки и факели, по што дојде до силен судир помеѓу двете хулигански екипи. Полицијата интервенираше, а сега преку соопштение наведоа што точно се случувало.

„Синоќа, 3. август околу 21:30 часот на подрачјето на Дубрава дојде до тепачка помеѓу навивачите на гостинскиот и домашниот клуб. На самото место на случувањето, поради одбивањето на диркетниот напад на полициските службеници и спречување на понатамошниот напад на 400 навивачи, полициските служебеници мораа да употребат сила. Во понатамошната постапка брзо беше воспоставен ред и беа спречени нови судири“, се вели во соопштението на полицијата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .