Сејдини: Треба да продолжиме да веруваме во себе

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во истријата заврши на третото место во еден квалификациски циклус, а претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, во соопштение за јавноста истакна дека фудбалерите и цела нација треба да продолжат да веруваат во можноста за настап на Европското првенство.

„Во име на Фудбалската федерација на Македонија и свое лично би сакал да упатам благодарност до сите кој дадоа придонес за успешната организација на натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2020. година.  

Исклучително ми е драго што заедно со Вас, навивачите и поддржувачите на македонската репрезентација создадовме прекрасна атмосфера и на вистински начин ја потврдивме поврзаноста кон фудбалот и спортот воопшто.

Ви благодариме!

Би сакал да упатам искрена честитка до фудбалерите од нашиот најдобар национален состав за игрите и резултатите кои ги остварија во последниот квалификациски циклус за ЕУРО 2020. Многу е важно што фудбалерите веруваат дека можат, знаат колку се квалитетни, а со поддршка и навивање се подготвени за голем резултат.

Треба да продолжиме да веруваме во себе“, се вели во дел од соопштението на ФФМ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .