Сејдини: Ниту јас сум го поставил, ниту јас имам право да го менувам името на федерацијата!

На денешната презентација на селекторот Благоја Милевски, претседателот на ФФМ Муамед Сејдини одговараше и на други прашања поврзани со федерацијата.

Неизбежно беше праѓањето околу името ФФМ, за кое се крена прашина на Европското првенство, наводно оспорувано од Грција.

„Ниту јас сум го поставил името на ФФМ, ниту имам право да го менувам. Единствен кој може да го смени е  Собранието на ФФМ. Тоа е мојот став и јас во моментов немам намера ништо да правам по тоа прашање“, рече Сејдини. 

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .