Сестрата на Роналдо ја шокираше јавноста: Короната е измама!

Катја Авеиро, сестрата на еден од најдобрите фудбалери во историјата Кристијано Роналдо, ја шокираше светската јавност со изјавата за корона – вирусот, на кој е позитивен и Португалецот.

„Очигледно дека Кристијано Роналдо мора да биде тој кој ќе ги отвори очите на светот. Господ го прати да го направи тоа. Му благодарам на тоа. Денеска илјадници луѓе веруваат во истото што и јас за корона – вирусот: тоа е најголемата измама на сите времиња. Доста повеќе со овој циркус, отворете ги очите луѓе, ве замолувам“, напиша сестрата на Роналдо.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .