Сериозно? Додека Меси го славеше победничкиот погодок навивач на Атлетико го гаѓаше со – чадор!? (ФОТО)

Барселона синоќа минимално славеше на гостувањето кај Атлетико Мадрид (1-0) во 15. коло од шпанската Ла Лига. Најзаслужен за победата на каталонците беше кој друг ако не, Лионел Меси кој во 86. минута го постигна единствениот погодок.

Аргентинецот уште еднаш докажа дека станува збор за еден од најдобрите фудбалери во историјата, а Барса со оваа победа се врати на првото место. Атмосферата на „Ванда Метрополитано“ синоќа беше наелектризирана поради Антоан Гризман, кој прв пат се судри со својот поранешен клуб.

Сепак, подебелиот крај можеше да го извлече Меси. Имено, верувале или не додека Аргентинецот го слабеше победничкиот погодок, еден навивач на „јоганџиите“ верувале или не, го гаѓаше со чадор.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .