Сериозен проблем за Франција: Гризман има проблеми со мускулот!

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп има сериозни проблеми пред стартот на Европското првенство и дефинитивно, легендарниот играч, а сека тренер ќе сака што побрзо да ја заборави „генералката“ против Бугарија на која му се повредија двајца играчи.

Карим Бензема го напушти мечот во финишот на првото полувреме, но за среќа станува збор за ситна повреда. Проблеми има уште еден напаѓач на „галските петли“.

Станува збор за фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман кој го повредил листот на ногата, но по се изгледа и тој ќе биде подготвен за првиот меч на ЕВРО 2020, дербито против селекцијата на Германија.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.