Сега е дефинитивно: Дракслер си заминува од Париз

Секој преоден рок Џулијан Дракслер се поврзува со заминување од ПСЖ, а по се изгледа во зимскиот преоден рок офанзивниот фудбалер за врска и дефинитвно ќе си замине од Париз. „Светците“ очајно сакаат да се разделат со 26- годишниот фудбалер, па затоа се подготвени и да го дадат на позајмица.

Германскиот репрезентативец во ПСЖ стигна во јануари 2017. година од редовите на Волфзбург во трансфер вреден 36 милиони евра. Дракслер до сега за францускиот шампион одигра 124 меча, на кој постигна 20 голови и запиша 27 асистенции.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .