Северна Кореја се откажа од ОИ во Токијо

Северна Кореја нема да учествува на Олимписките игри во Токио поради страв од корона – вирусот, соопшти министерството на оваа земја.

Јужна Кореја се надеваше дека Игрите ќе бидат нова шанса за да ги обноват мировните разговори, но како стојат работите, нема ништо од оваа идеја.

Инаку, ова ќе биде прв пат Северна Кореја да ги пропушти Летните олимписки игри уште од 1988 година, кога ги бојкотираше ОИ во Сеул, во времето на ладната војна.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.