„Свињо, врати се од каде што пристигна“: Навреди за Нагелсман во дебито на клупата на Баерн во Минхен!

Џулијан Нагелсман е новиот тренер на Баерн Минхен, но очигледно е дека не се сите навивачи задоволни од тој факт. Поранешниот тренер на РБ Лајцпиг дебитираше на домашен терен како тренер на Баварците (2-2 со Ајакс) и по се изгледа ќе сака што побрзо да го заборави.

Само што започна натпреварот околу 20 навивачи започнаа со скандирање: „Нагелсман, свињо, врати се од каде што дојде“.

Инаку, младиот 34 – годишен тренер потпиша со Баерн до 2026 година, а како фудбалер има играно за Минхен 1860, најголемиот градски ривал на германскиот првак, каде што помина дури седум години.

„Барам толеранција. Не мораат сите да ракоплескаат што доаѓам од најголемиот градски ривал“, кажа Нагелсман.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.