Саул со една реченица објасни што се случува со трансферот во Барса

Шпанските медиуми веќе некое време тврдат дека Атлетико Мадрид и Барселона ќе направат размена. Антоан Гризман наводно ќе се врати во Атлети, додека во спротивен правец би заминал Саул Нигез, а Каталонците би добиле додатни 15.000.000 евра.

Сега Саул додека потпишуваше автограми за навивачите, беше запрашан од новинарите околу трансферот во Барса, по што одговори:

„Сакаат да ме исфрлат“, иронично со насмевка изјави шпанскиот репрезентативец, а тоа дефинитивно значи дека е блиску до „Камп ноу“.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .