Раководството на Рома дефинитивно донесе одлука да се раздели со Пауло Фонсека кој на крајот од сезоната по се изгледа ќе ја напушти тренерската функција во клубот, а негова замена ќе биде добро познато лице во италијанскиот фудбал – Маурицио Сари.
Поранешниот тренер на европските гиганти Наполи, Челси и Јувентус е главен фаворит за нов тренер на „римската волчица“. Рома наводно веќе решила да го постави за прв тренер, па останува да видиме дали искусниот стратег ќе се пресели во Рим.