Сари си призна: Денеска имавме среќа

Тренерот на долгогодишниот италијански шампион Јувентус, Маурицио Сари призна дека денеска имале многу среќа на мечот против Аталанта. „Старата дама“ со помош на Гонзало Игуаин кој беше играч на натпреварот со пресврт стигна до победата на тешкото гостување во Бергамо (1-3).

„Ова беше многу интересен натпревар со висок интезитет. По промашениот пенал игравме многу лошо, а Аталанта доминираше. Заслужено водеа. Имавме среќа да постигнеме израмнувачки погодок, а за кратко и да поведеме“, кажа Сари.

Денешниот меч „бјанконерите“ го играа без својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо, кој имаше ситна повреда.

„Се надевам дека ќе биде фит за натпреварот против Атлетико во ЛШ. Тој има ситна повреда која го мачи на тренинзите“, заврши Сари.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .