Самуел Ето: Меси играше со мене, не јас со него!

Интересна изјава од легендарниот фудбалер од Камерун, еден од најдобрите напаѓачи во светот во негово време, Самуел Ето.

Тој при давање на едно интервју, доби прашање од новинарот во смисла како беше кога тој играше со Лео Меси, во периодот кога и двајцата беа во каталонскиоит гигант.

“Видете, јас не играв со Меси, туку тој играше со мене. Во мое време Меси беше со мене и тоа беа сосема поинакви времиња од сега“ низ смеа одговорил Ето.

Инаку Ето за Барса одигра 152 официјални меча, двапати се радуваше во финалето во Лигата на Шампионите. Тоа трио на Барса составено од Меси-Роналдињо-Ето беше едно од најдобрите во историјата на фудбалот.

Во 2009 година Камерунецот се пресели во Интер каде заедно со Горан Пандев и останатите мега-ѕвезди на тој клуб, секако предводени од Жозе Мурињо, во 2010 година освоија “триплета“.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .