Само тој не верува дека Хабиб ја заврши кариерата: Ќе се видиме наскоро, идиоте…

Американскиот УФЦ борец, Тони Фергусон изгледа е единствениот кој смета дека Хабиб Нурмагомедов нема да замина во пензија, и покрај тоа што дагестанскиот борец најави такво нешто минатиот викенд.

Потсетуваме, Хабиб по величествената победа над Џастин Гејџи потврди дека ова за него била последната борба во кариерата. Меѓутоа, Фергусон не му верува многу, па на Инстаграм откри  што мисли за пензијата на Нурмагомедов.

„Ќе се видиме наскоро, глупаку“, напиша Фергусон.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .