Само ги налутивме Словенците: Футсал репрезентацијата почна одлично, но потоа следеше катастрофа

Македонската футсал репрезентација лошо го започна претквалификацискиот турнир за пласман на СП 2020. Нашите репрезентативци со убедливи 1-6 беа поразени од Словенија во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Мицевски со погодокот во 8. минута само ги налути Словенците. Израмни Осредкар во 13. минута, а само 60 секунди подоцна со голот на Зајц, Словенците направија комплетен пресврт. Чујец во 21. минута зголеми на 1-3, а Фидершек и Чех ставија точка на наптреварот.

Денеска од  17:30 часот, нашите репрезентативци го играат вториот натпревар. Тие ќе се судрат со Косово, а последниот натпревар го играме во недела против Украина.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .