Салах ги пропушта наредните натпревари

Еден најдобрите фудбалери на Ливерпул, Мохамед Салах има проблеми со зглобот, па поради тоа ќе ги пропушти следните натпревари на Египет.

Репрезентативната пауза ќе биде добредојдена за Ливерпул и Салах, па крилниот фудбалер ќе одмори во следните две недели.

Египетската фудбалска федерација не сака да ризикува со својот најдобар фудбалер и Салах, а тој ќе ги пропушти мечевите против Кенија и Коморите.

Салах сезонава на 17 натпревари за Ливерпул постигна девет голови, а пет пати асистираше.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .