РФМ: Марјан Начевски исклучен од федерацијата поради навреди како – „Ќе те колам“

Се потврдија шпекулациите за скандалот кој се случил во режија на Марјан Начевски, кој од денеска и официјално е исклучен од Ракометната федерација на Македонија.

Од РФМ испратија соопштение до јавноста во кое ја објаснуваат причината за исклучувањето на познатиот долгогодишен ракометен работник. Начевски наводно на поранешната репрезентативка Мирјета Бајрамовска и се заканил со зборовите „ќе те колам“.

„На Марјан Начевски, делегат/контролор во РФМ изречена му е дисциплинска санкција:  исклучување од Ракометната федерација на Македонија врз основ на доставена пријава од член на УО на РФМ и поранешна репрезентативка Мирјета Бајрамоска. Како причина за поднесената пријава наведени се вербални навреди упатени кон подносителот на пријавата, од страна на пријавениот, изнесени на агресивен начин и со висок тон, вклучително погрдни и недолични навреди кон федерацијата, националните селекции, играчите, и други личности прозвани во отсуство, за време на меѓународен репрезентативен настап,  на кој пријавениот присуствувал без соодветна акредитација. При давањето исказ пред Дисциплинската комисија на РФМ, пријавениот продолжил со истата недолична реторика обраќајќи се кон претседателот на комисијата агресивно, со висок тон, навредувачки и недолично употребувајќи вокабулар од типот: “ќе те колам”, сооптија од РФМ.

Целото соопштение на РФМ можете да го погледнете ТУКА.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .