РФМ го смени спортскиот директор

Македонската ракометна федерација издаде соопштение во кое објавува дека Милчо Чакарески повеќе не е спортски директор на оваа федерација.

Ракометната федерација на Македонија ја известува спортската јавност дека во координација со директорот на машките репрезентации Милчо Чакарески, заеднички донесоа одлука за прекин на досегашниот ангажман. Чакарески ја извршуваше функцијата спортски директор во период од март 2016 до септември 2019, поради персонални професионални ангажмани се повлекува од функцијата во стручниот штаб на машките ракометни репрезентации. Во периодот кој следува УО на РФМ ќе постави нов вршител на функцијата“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на РФМ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .