Русите ги „извадија милионите“ и тргнаа по Алиоски!

На слатки маки е македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски. Неговиот договор со англискиот премиерлигаш Лидс истече и како слободен играч може да бира каде да игра, а голем број на клубови од различни земји од Европа се и тоа како заинтересирани за него.

Најновата информација ни ја пренесува угледниот италијански новинар, Николо Скира кој пренесува дека московска ЦСКА покажала сериозен интерес за офанзивниот лев бек, а освен Русите, наводно и Галатасарај подготвил четиригодишен договор.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.