Румениге потврди: Флик останува тренер на Баерн!

Ханс Флик останува тренер на Баерн, барем до Божиќ. Ова за германските медиуми го потврди Карл Хајнц Румениге. Претседателот на баварците кажа дека Флик заслужил да добие шанса по низата одлични резултати.

„Ханс Флик останува наш тренер. Барем до Божиќ, а се надеваме и понатаму. Тој ја има нашата доверба. Играме одлично под негово водство. Брзо се договоривме со Салихамиџиќ и заедно одлучивме дека Флик заслужи шанса“, изјави Румениге.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .