Роналдо само ги налути Германците: „Панцерите“ со пресврт – до убедлива победа! (ВИДЕО)

Германија денеска ја забележа првата победа на ЕВРО 2020 и тоа во дербито против Португалија (4-2).

„Панцерите“ на домашен терен во Минхен после пресврт се вратија во игра за пласман во нокаут – рундата, откако во првото коло беа поразени од светскиот првак Франција, која денеска киксираше во Будимпешта против Унгарија.

Португалците први поведоа преку Кристијано Роналдо, меѓутоа автоголовите на Диас и Гуериро ги донесоа Германците во водство, а Хаверц и Госенс зголемија на 4-1. Португалија постигна уште еден погодок преку Диого Жота.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.