Роналдо проговори за Сари и за спорната измена: „Не сакам да бидам заменуван“

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо во разговор за португалските медиуми зборуваше за ситуацијата во Јувентус кога се случи мал скандал.

Тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари одлучи да го замени напаѓачот, а тоа на популарниот „КР7“ не му се допадна и по излегувањето од игра веднаш замина во соблекувалната.

„Сите знаат дека не сакам да излегувам од игра, но немаше проблем во мојата реакција по измената. Иако бев повреден сакав да му помогнам на Јувентус. Никој не сака кога излегува од игра, но јас тоа го разбирам затоа што не бев во добра форма“, изјави Роналдо.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .