Роналдо одговори на провокациите: Лажат дека сум ги прекршил мерките

Еден од најдобрите фудбалери во историјата Кристијано Роналдо им одговори на критичарите кои тврдат дека со летот од Португалија во Италија ги прекршил мерките за заштита од корона – вирус.

Потсетуваме, напаѓачот на Јувентус од минатата недела е позитивен на Ковид – 19.

„Моето семејство е на друг спрат во куќата и не можеме да бидеме во контакт. Секогаш кога сум дома, се сончам и чекам деновите да поминат. Се вратив од Португалија затоа што заедно со мојот тим обезбедивме патување со сите процедуи. Не сум ги прекршил мерките како што тврдат. Тоа е лага. Го почитувам протоколот, а во Италија се вратив со посебен медицински авион и немав контакт со никого, дури ни во Торино“, кажа Роналдо.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .