Роналдо: Не дојдов во Јунајтед за да се борам да сум во горна половина од табелата!

Кристијано Роналдо не е задоволен од досегашниот развој на настаните во Манчестер Јунајтед, екипата која има променливи резултати и неубедливи настапи и по заминувањето на Оле Гунар Солскјер.

Во последното интервју за „Скај Спортс“, Португалецот истакнал дека амбициите на Јунајтед се јасни и дека екипата мора да испорача.

“Нашата цел секогаш мора да биде пласман во Топ 3. Способни сме да ја промениме ситуацијата и сигурен сум дека можеме многу подобро на терен. Го знам патот, но не е етички да зборувам за тоа. Но, јас не сум тука да се бориме за седмото, шестото или петтото место, тука сум за да победуваме и да ги оствариме нашите амбиции.” изјави Роналдо.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.