„Роналдо за 18 месеци ќе биде менаџер на Јунајтед“

Кристијано Роналдо за 18 месеци ќе биде нов менаџер на Манчестер јунајтед, тврди поранешниот тренер на Тотенхем, Тим Шервуд.

Шервуд во текот на кариерата играше за неколку премиерлигашки клубови, но и за репрезентацијата на Англија, а сега истакна дека тоа ќе биде разумен потег на Јунајтед, доколку Оле Гунар Солскјер за тоа време не успее да ја освои титулата во Премиер лигата или во Лигата на шампионите.

„Можам да го видам на клупата на Јунајтед за 18 месеци. Мислам дека ќе стане менаџер тој момент кога ќе ја заврши кариерата. Тој во последните години веќе дава инструкции и од клупата. Го видовме тоа на финалето од ЕП 2016, кога беше со селекторот на Португалија, но и во текот на гостувањето на Јунајтед во Швајцарија, против Јанг Бојс“, кажа Шервуд.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.