Роналдо ги спаси „бјанконерите“ од нова брука: Јувентус на крилјата на Роналдо до важна победа во Удине! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус предводени од фантастичниот Кристијано Роналдо стигнаа до многу важна победа во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите, откако со пресврт во последните петнаесетина минути во Удине го совлада Удинезе (1-2).

Домаќините поведоа уште во десетата минута преку Нуел Молина, а успеаа да го задржат водството се до 83. минута кога Кристијано Роналдо од пенал израмни на 1-1. Португалецот само шест минути подоцна со глава постигна уште еден погодок и го постави конечниот резултат.

Јувентус сега е трети со 69 бодови, колку што има втората Аталанта и четвртиот Милан, додека Наполи е петти со два бода помалку.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .