Роналдо во голем стил се врати во Јуве: Два гола за 20 минути и победа против Специја! (ВИДЕО)

Тифозите на Јувентус конечно го дочекаа враќањето на Кристијано Роналдо во составот на италијанскиот првак. Португалецот денеска беше најзаслужниот за победата на гостувањето кај Специја во рамките на коло од Серија А (1-4).

Роналдо во игра влезе во 56. минута при резултат 1-1 и само три минути подоцна мајсторски го издрибла голманот на домаќините Иван Проведел за 2-1. Другите голови за Јуве ги постигнаа Мората и Рабиот додека за Специја стрелаше Побега.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .