Италијанските медиуми денеска излегоа со ексклузивни натписи дека Рома и Милан се заинтересирани за првата ѕвезда и капитен на Торино, Андреа Белоти.
Овој 28 – годишен напаѓач на „биковите“ долго време е во центарот на вниманието на јавноста на Апенините, а според последните информации двата тима се подготвени да издвојат околу 25.000.000 евра за неговиот потпис.