РК Вардар потврди: Нов случај на корона – вирус кај „црвено – црните“!

Македонскиот првак Вардар потврди дека има нов позитивен случај на корона – вирус во своите редови. Станува збор за ракометар чие име не е обелоденето, а освен зголемената телесна температура, играчот немал други симптоми.

„Освен зголемена телесна температура, играчот немал други симптоми и во моментов се чувствува добро и се наоѓа во домашна изолација откако неговиот тест бил позитивен.

Членот на клубот од моментот кога имал зголемена температура и истата била констатирана од страна на лекарскиот тим пред влегувањето во салата веднаш бил вратен дома и е ставен во домашна изолација додека да ги добие резултатите. Немал дополнителни контакти со другите ракометари од тимот.

Другите ракометари пропуштија само еден тренинг со оглед на празниците и слободните денови, а по добивањето на резултатите кои се негативни, екипата ќе продолжи со редовните тренинзи и ќе се подготвува за следниот натпревар од ЕХФ лигата на шампионите со Флензбург во четврток во Скопје.

Вардар 1961 пред мечот со Фленсбург повторно ќе има тестирање на сите играчи со цел да се запази правилото да се тестираат играчите непосредно пред секој натпревар“, велат од Вардар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .