Долгогодишниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски ја опиша организацијата на Европското првенство и состојбата во која се наоѓаат фудбалерите.
„Се обидуваме да ја одржиме атмосферата на висина на задачата, тоа е она што не доведе на Европско првенство. Сепак, не е лесно затоа што сме затворени во хотел 24 часа на ден. Стигнавме во Букурешт, но сместувањето може да го напуштиме само кога одиме на тренинг и на натпревари“, изјави Ристовски за српските медиуми.