Ривер го продаде најдобриот фудбалер за 21.800.000 евра

По шокантниот пораз во финалето на Копа Либертадорес од Фламенго (2-1), Ривер Плата доби нов удар. Аргентинскиот гигант останува без еден од најдобрите фудбалери, играчот од средниот ред Езекиел Паласиос (21), кој ќе се пресели во Бундеслигата, поточно во дресот на Баер Леверкузен кој за него искешира 21.800.000 евра.

Токму поради ова се налути тренерот на Ривер, трофејниот Марсело Гаљардо кој се чини е во право.

„Сезоната уште не е завршена, а ние продаваме фудбалери. Не знам зошто се брза“, незадоволен беше Гаљардо.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .