Рен бара 30.000.000: ПСЖ и Јунајтед најблиску до Камавинга!

Едуард Камавинга. За овој ултра – талентиран фудбалер тек ќе почне да се зборува, а неговиот клуб Рен уште од сега трие раце, поради заинтересираноста на европските гиганти за фудбалерот од средниот ред.

30.000.000 евра! Толку бараат Французите, сума која реално не би требало да претставува проблем за моќните клубови. Во прв ред наводно застанале ПСЖ, кој после ангажманот на Донарума, Рамос и Вајналдум не планира да застане.

Сепак, „светците“ ќе имаат тежок противник во трката за потписот на Камавинга – и Манчестер јунајтед е загреан за него!

„Ѓаволите“ стануваат сериозни играчи на трансфер пазарот летово. Го ангажираа веќе Џејдон Санчо, пред договор е и Рафаел Варан, па останува да видиме дали ќе успеат да го ангажираат и Камавинга.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .