Реми на „Хумска“: Партизан блиску беше до победата, но Звезда се спаси со пенал!

Во 163. вечно дерби помеѓу белградските ривали, Црвена звезда стигна до реми на гостувањето кај Партизан (1-1).

Мечот беше агресивен со многу жолти картони, а фудбалерот на Звезда Саного доби црвен картон. Играчот од Брегот на Слоновата Коска пред крајот на натпреварот го заработи и вториот жолт картон по што мораше да го напушти теренот.

Партизан поведе уште во 5. минута со голот на Филип Стевановиќ кој ја искористи грешката на младиот дефанзивец на Звезда, Стахиња Ераковиќ. Сепак, „црвено – белите“ со гол од пенал во 74. минута израмнија преку Катаи за конени 1-1.

Овој резултат значи дека иста останува разликата помеѓу двата клуба. Српскиот шампион има 31 бод, осум повеќе од Партизан кој е втор со 23 бодови, колку што има и Војводина.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .