Рекорд кој тешко дека некогаш ќе биде срушен: Кире вечерва го игра 17. четвртфинале во ЛШ!

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња и еден од најдобрите ракометари во историјата на овој спорт, Кирил Лазаров вечерва ќе стигне до рекорд кој тешко дека ќе биде срушен во иднина.

Имено, вечерва во дресот на Нант против Веспрем, легендарниот Кире ќе го игра своето 17. четвртфинале во Лигата на шампионите.

Селекторот на Македонија на свои 15 години во 1995 година го одигра првиот натпревар во елитното натпреварување и од тогаш постигна 1471 погодок и е најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .