Реднап му предложи играч на Мурињо: „Така ќе ги купиш навивачите“

Легендарниот англиски тренер Хари Реднап го советуваше Жозе Мурињо околу тоа кој играч треба да го донесе во Тотнем. Реднап смета дека Мурињо може да ги донесе навивачите од своја страна само ако успее да го ангажира ни помалку ни повеќе, туку фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл.

„Тој би бил вистинско засилување за Тотнем. Ако успеат да го ангажираат тоа би било одлично за Мурињо, а навивачите ќе бидат многу среќни. Тоа би бил многу добар потег на Мурињо“, изјави Реднап.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .