Револуција во фудбалот: Ќе се воведуваат привремени замени?

Европската фудбалска федерација (УЕФА) подготви промени, кои би требало да стартуваат од Европското првенство во 2020 година. Според англиските медиуми на ЕП следната година, УЕФА ќе овозможи привремени замени во случај на силен удар во глава.

Ако судијата се посомнева дека фудбалерот добил силен удар во глава кој би можел да резултира со потрес на мозок, тогаш ќе биде дозволена замена, додека не му се укаже помош на играчот. Ако се донесе оваа одлука тогаш тоа ќе биде голема новост во светот на фудбалот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .