Револуција во Неапол: Наполи сам ќе си ги креира дресовите, а ќе ги дизајнира легендарен креатор!

Фудбалскиот клуб Наполи најави дека од следната сезона ќе направи револуција во фудбалот. Имено, повеќе ниту еден бренд нема да ги дизајнира нивните дресови туку тоа ќе го прават – сами!

Овој клуб години наназад привлекува внимание поради контроверзниот сопственик Аурелио де Лаурентис, а сега успеаа да отидат чекор понапред.

„Kappa“ веќе неколку години ги дизајнираше дресовите на и опремата на фудбалерите на Наполи, но сега, кога веќе договорот им истече, Де Лаурентис одлучи да не потпие нов, туку сака клубот сам да си ги прави дресовите.

Дресовите на Наполи од следната сезона ќе ги дизајнира легендарнио Џорџо Армани без помош од некој спортски бренд.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .