Реал се спаси против Севиља: Крос во 94. минута го одбрани Мадрид! (ВИДЕО)

Реал Мадрид не успеа да ја совлада Севиља вечерва во Мадрид, меѓутоа „кралевите“ и тоа како можат да бидат задоволни од бодот кој ги врати на втората позиција на табелата (2-2).

Клубот од Андалузија ја имаше победата во свои раце се до 94. минута кога по еден удар на Крос топката удри во Диего Карлос и заврши во мрежата на Бону. Претходно, во листата на стрелците се запишаа Фернандо и Ракитиќ од Севиља, а Асенсио стрелаше за Реал,

Севиља со овој бод се чини се збогуваше од титулата, заостанувајќи шест бода зад лидерот Атлетико Мадрид на три кола до крајот. Реал е втор со 75 бодови, колку што има и третата Барса, а „јоранџиите“ пред големите ривали имаат два поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .