Реал победник во дербито против Интер, Ливерпул со „петарда“ за Аталанта во Бергамо… (ВИДЕО)

Во дербито од третото коло од Лигата на шампионите, Реал Мадрид на „Алфредо ди Стефано“ го совлада милански Интер (3-2). „Кралевите“ во три наврати водеа, „нероаѕурите“ два пати успеаа да се вратат, но голот на Родриго на десетина минути до крајот беше фателен за италијанскиот великан.

Ливерпул полесно од очекувањата стигна до победата на гостувањето во Бергамо кај секогаш незгодната Аталанта која дефинитивно има проблеми во одбраната. „Црвените“ славеа со убедливи 0-5, а херој беше Диого Жота кој со хет – трикот, полека но сигурно го истиснува Фирмино од првиот тим.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПНА ФАЗА 3. КОЛО

ГРУПА А

Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 1-1

Салзбург – Баерн Минхен 2-6

ГРУПА Б

Шахтјор Доњецк – Мехенгладбах 0-6

Реал Мадрид – Интер 3-2

ГРУПА Ц

Порто – Марсеј 3-0

Манчестер сити – Олимпијакос 3-0

ГРУПА Д

Аталанта – Ливерпул 0-5

Мидтјиланд – Ајакс 1-2

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .