Реал Мадрид со гол во продолжението се спаси кај Гладбах! (ВИДЕО)

Реал Мадрид со голот на Касемиро во 93. минута стигна до бод на гостувањето кај германскиот бундеслигаш Борусија Мехенгладбах во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите (2-2).

„Кралевите“ беа пред пораз губеа со 2-0. Германците поведоа со головите на Маркус Турам кој два пати го матираше Тибо Куртоа, а освен Касемиро за Реал стрелаше и Карим Бензема.

Шпанскиот првак очајно ја стартуваше сезоната елитното европско натпреварување. Потсетуваме, во првото коло на домашен терен во Мадрид загубија од доњецки Шахтјор.

Другиот мадридски клуб Атлетико во интересен натпревар со многу голови на домашен терен го совлада австрискиот Салзбург (3-2).

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПНА ФАЗА 2. КОЛО

Група А

Локомотив Москва – Баерн Минхен 1-2

Атлетико Мадрид – Салзбург 3-2

Група Б

Шахтјор Доњецк – Интер 0-0

Борусија Мехенгладбах – Реал Мадрид 2-2

Група Ц

Порто – Олимпијакос 2-0

Олимпик Марсеј – Манчестер сити 0-3

Група Д

Аталанта – Ајакс 2-2

Ливерпул – Мидтјиланд 2-0

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .